Нова урбана опрема во Македонска Каменица

Од:

ЈП „Камена Река“ од Македонска Каменица почна со промена на дотраената урбана опрема низ градот за што се обезбедени средства во износ од 3,5 илјади евра.

Како што истакна Влатко Димитровски, заменик-директор на ЈП „Камена Река“ досега се набавени 30-тина канти за отпадоци и 35 клупи.

– Старите клупи и канти за отпадоци веќе беа дотраени и го нарушуваа изгледот во централното градско подрачје. Набавивме нова урбана опрема со која ќе ја замениме дотарената и ќе ставиме нова, каде има потреба, пред се пред влезовите на колективните станбени објекти, рече Димитровски.

Тој додаде дека урбаниот изглед на рударска Каменица и оваа есен ќе биде аранжиран со есенски цвеќиња низ градот за што се произведени 500 хризантеми и четири илјади едногодишни цветни темјанушки.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза