Нова средба Заев-Гаши за влез на Алтернатива во Владата

Од:

Во Клубот на пратениците во Скопје за денеска во 14 часот е закажана нова средба на премиерот Зоран Заев и претседателот на Алтернатива Африм Гаши за вклучување на партијата во Владата и парламентарното мнозинство.

dobivaj vesti na viber

Одржувањето на средбата го потврдија и од Владата и од Алтернатива.

-Средба ќе има денеска во 14 часот во Клубот на пратениците, во ист формат како и претходниот пат . И овој пат не се предвидени изјави за медиумите, а за заклучоците од средбата ќе информираме преку соопштение, велат од Владата.

Претходно премиерот Заев и Гаши имаа средба во понеделникот, кога, според соопштението испратено од владината прес-служба по нејзиното завршување, начелно бил договорен програмскиот дел од можната идна соработка на Алтернатива во Владата и дека консултациите за кадровските решенија се во тек. Тогаш беше најавено и дека по консултациите во партиите ќе следи и нова работна средба со тимовите.

На средбата што беше одржана во понеделникот, премиерот Заев беше придружуван од заменик-министерот за финансии Димитар Ковачевски, а лидерот на Алтернатива Гаши од партискиот генерален секретар Беким Сали.

Ова беше нивна втора средба, откако на 19-ти месецов тие разговараа за условите и улогата на Алтерантива во новото парламентарно мнозинство, а конечната одлука беше оставено да ја донесат партиските органи.

Централното претседателство на Алтернатива минатиот петок го овласти Гаши да почне разговори со сите политички актери, со премиерот и со евентуалниот нов мандатар за да се види каков е нивниот концепт за излез од политичката криза, додека на седницата на Централниот одбор на СДСМ, што се одржа истиот ден, беше констатирана оставката на Заев од лидерската позиција во партијата, но, му беше даден легитимитет да ги води преговорите за парламентарно мнозинство.

Би можело да ве интересира

Африм Гаши претседател на Алтернатива и во следните четири години

Катерина Павлова-Николовска

Стоилковски: Дали луксузните имоти во кои престојуваат Заеви во Дубаи се нивна сопственост?

(ВИДЕО) Стојменов: Заев стои зад блокадата на градилиштето „Беко“, притисокот беше да го продадам евтино

Маја Илиевска-Пачемска

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да го праша Заев како се стекна со фабриките за марихуана и лиценцата за експлоатација на глина за Еленица

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски бетер од Заев, тоа што не успеа да распродаде едниот со Бугарија, го продава другиот

Петрушевски: Заеви од голтари преку СДСМ до милионери, а не плаќаат над 1 милион евра за данок