Нова спортска сала во населбата Ченто

Од:

Нова спортска сала, инвестиција вредна 34 милиони денари, е пуштена во употреба денеска во населбата Ченто, дел од владиниот проект што го реализира Агенцијата за млади и спорт за изградба на 35 вакви објекти низ државата.

Спортската сала е со вкупно бруто површина од 1.287,04 метри квадратни со димензии 44,35 х 28,58 метри и висина од 9,8 мметри и е наменета за спортски и рекреативни активности за ракомет, кошарка, одбојка, гимнастика, пинг понг и други активности.  Салата има еден главен влез за екипи и хендикепирани лица и два споредни влеза за публика и трибини за публика со 400 седишта.

Во потрибинскиот простор се сместени два пара гардероби и санитарии (машки и женски), гардероби и санитарии за судии, а иима и порстор за реквизити. На северната страна  е изградена и топловодна потстаница за загревање на објектот.

– Салата освен учениците од Основното училиште „Крсте Мисирков“ ќе ја користат спортски клубови и граѓани. На површина од околу 1.400 метри квадратни со трибини и модерни спортски реквизити ќе може да се практицираат најразлични видови спортови и да се следат бројни спортски собири, рече на пуштањето во употреба на салата директорот на АМС Маријан Спасески.

Како што посочи, салата „Крсте Мисирков“ е 34. што е изградена и ставена во функција во изминатиот период и 220-ти спортски проект изграден од Владата преку АМС во изминатите неколку години

Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски истакна дека реонот на Ченто добива спортски објект изграден по високи стандарди. Во изминатиов период, укажа Пешевски, се надминати сите проблеми од имотно-правна природа за изградбата и е пристапено кон реализација.

Во општина Гази Баба, АМС досега инвестирала над 84 милиони денари во изградба на две спортски сали, денешната и уште една во ОУ „Наум Наумовски Борче“, фудбалско игралиште во Трубарево, повеќенаменско игралиште и тениски терен.

Спасевски најави дека годинава АМСМ ќе бидат изградени нови 22 повеќенаменски игралишта и 18 нови тениски терени низ целата држава.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза