Нова сообраќајна несреќа на патот Тетово-Скопје, едно лице го загуби животот

Од:

Едно лице почина во сообраќајка на автопатот Тетово-Скопје, во близина на село Ласкарци, откако вечерва во 17.53 часот патничко возило „јагуар” со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Н.И.(49) од село Чегране, гостиварско, излетало од коловозот, потврдија за МИА од Министерството за внатрешни работи.

– На местото на несреќата починал сопатникот Н.З.(53) од село Чегране. Возачот Н.И. и сопатниците А.К.З. и Б.И. се повредени и се пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, дополнија од МВР.

Би можело да ве интересира

Заканувачко писмо во канцеларијата на претседателката

Нов инцидент поради кравите во Кривопаланечко: тешко повредена 67-годишна жена

Катерина Ѓуровски

Жена на 80 години пронајдена почината во Кисела Вода

Пијан виничанец направил две сообраќајки и двапати бегал

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

Индиции за убиство и самоубиство во случајот во Богданци

Катерина Ѓуровски