Нова снимка: Мицкоски ги убедувал исклучените пратеници од ВМРО-ДПМНЕ да не гласаат за Законот за јавно обвинителство

Од:

Иако е последен ден пред изборниот молк, на „Јутуб“ осамнаа нови снимки, на кои овојпат, повторно се слуша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој според еден од насловите, имал средба со осумте независни пратеници од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, кои ги исклучи од партијата.

Во првиот објавен разговор, Мицкоски зборува за активности и набројува дека третата е најважна, а тоа е Законот за јавно обвинителство. Во снимката се слуша како тој објаснува дека на нелегален начин предметите од СЈО префрлаат во надлежност на Јавното обвинителство, иако тоа беше решение за да не пропаднат постапките кои се водат пред судот.

„Понатаму, третата активност која што е не помалку важна, можеби најважна, е Законот за јавното обвинителство. На комплетно нелегален начин ги префрлија предмет таму каде што ги префрлија и тоа за нив беше силно доволно за да продолжат политичките притисоци, уцени, закани, за политички неистомисленици. И они немаат желба понатаму да има решение по закон, иако фингираат преговори пред меѓународна заедница и пред нас и така натаму“, вели Мицкоски.

Во снимката насловена како „Лицемерие на Мицко“, се слуша како лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека барал од општинските комитети да не ги напаѓаат осумте пратеници.

„Јас во изминатиот период како претседател на ВМРО-ДПМНЕ неколку пати ја поминав Македонија вклучувајќи ги и претседателските избори, ниту еднаш не ми ја спомнаа…, а во општинските комитети секаде без исклучок, претпоставувам Ви пренесуваат барав да не бидете напаѓани“, вели Мицкоски, по што се слушаат пратениците кои коментираат, за потоа, Мицкоски да продолжи: „Е па ете, јас ви го кажувам тоа….мора да ве верувате во тоа што ви е пренесено…“

Во снимката со назив „Вистината еден ден ќе излезе“ се слуша како Мицкоски им вели на пратениците дека работите не се црно бели, а по 12-ти ќе мора да се погледнат во очи и да си ја кажат вистината.

„Знаеш што, работите не се црно бели, секој има своја субјективна причина како ќе изгледа. Јас нема да навлегувам во материјална дискусија како било, што било, но еден ден како што велиш ти, вистината ќе мора да излезе на виделина. Ќе мора да се каже вистината, да се погледнеме во очи да си ја каже вистината. Еве јас, тој ден го чекам. Тој ден сега не може да биде. Прво на вас ќе ви биде непријатно да ја кажете вистината, ама кога ќе се сменат работите после 12-ти, се надевам дека ќе се погледнеме вака сите во очи, овдека или на друго место, и ќе си ја кажеме вистината. Но она што е сега…“, вели Мицкоски во снимката.

Во последната снимка која е објавена денес, со назив „Мицко со 8те независни од ВМРО понуда на маса“, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ им вели на пратениците да размислат до следната средба, каде тој и партијата ќе излезат со понуда.

„На следните парламентарни избори. Јас не знаев дека постои амбиција од тој, Сашо дека, се очекува понуда…. Се надевам дека многу скоро, на следната наша средба можеме и ние да размислиме за една таква понуда и да излеземе со понуда“, вели Мицкоски во снимката.

Независните пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои Мицкоски ги исклучи од партијата и се огради од нив, минатата недела преку соопштение објавија дека тој им ветувал дека со него ќе им биде подобро, а за разговорите кои јавно се објавуваат, кажаа дека покажуваат кој гласал по сопствено убедување а кој бил платен за тоа. Тие во дописот до јавноста објаснија и дека нивната цел била со Законот за Јавно обвинителство, предметите кои ги водело СЈО за сторен криминал да добијат судски епилог, а во тоа успеале и покрај заканите кои ги добивале.

Претходно, на јутуб каналот „Рекет“ беше објавена снимка од  разговор меѓу Мицкоски, осудениот Зоран Милески-Кичеец и Слободанка Алексовска, во кој, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ тврди дека се бори да не помине законот со кој се регулира статусот на СЈО, а со тоа да прекине и предметот „Империја“ осомничен е и Орце Камчев, за кого во друг разговор се слушаше како Мицкоски кажува дека му помогнал да плати долгови на партијата.

Снимката од средбата на Мицкоски и Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ е објавена на профилот „Обнова на режимот“, каде претходно се слушаа разговори и од Игор Јанушев, Антонио Милошоски, Александар Николоски. Нема информација кога се случила средбата на Мицкоски со осумте пратеници кои тој ги исклучи од партијата и јавно ги обвинуваше за национално предавство.

Би можело да ве интересира

Одредени ланци на супер маркети преку скриен маркетинг ги изигруваат законите, тоа нема да толерираме, вели Мицкоски

Мицкоски: Никогаш нема да се повлечеме од преговори со ЕУ, цел на оваа Влада е државата да стане дел од Унијата

Горан Наумовски

Мицкоски: Се надевам дека во најскоро време пожарот во „Јасен“ ќе биде ставен под целосна контрола

Мицкоски: Кој ќе згреши ќе одговара, без разлика дали е во некоја политичка партија

Подобро на краток рок да ја платиме политичката цена, отколку граѓаните да ја плаќаат во континуитет, вели Мицкоски

Горан Наумовски

Алијанса за Албанците: Изјавите на Мицкоски се скандалози и се провокација кон чувствата на Албанците