Нова пратка на вакцини на „АстраЗенека“ пристигнува утре, а на „Спутник“ наредната недела

Од:

Имаме најава дека в петок ќе стигнат 10.000 вакцини на „АстраЗенека“, донација од Хрватска. Во текот на наредната недела се очекува да стигнат и 10.000 вакцини „Спутник“ од Русија. Вакцинацијата денеска се спроведува во сите вакцинални пунктови. Во текот на вчерашниот ден и завчера се вакцинирани околу 12.000 лица, а заклучно со вчера се вакцинирани 330.000 граѓани, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Министерот истакна дека во процесот на имунизација се вклучени и центрите за масовна вакцинација, односно спортските сали и здравствените домови.

Тој потенцира дека вакцините се безбедни и дека не постои шанса да се пушти во промет лек доколку за тоа нема одобрение од Агенцијата за лекови.

– Вчера се покрена едно прашање околу документацијата, дозволите итн. Сакам да објаснам дека граѓаните треба да бидат спокојни и не постои шанса да се пушти кој било лек во промет, вклучувајќи и вакцина, доколку за тоа одобрение не даде Агенцијата за лекови. Ние аплицираме со соодветната документација која што е потребна и за увоз на лекот, а таа стигнува и пред да стигнат вакцините во Агенцијата за лекови, така што станува збор за административен процес, изјави Филипче.

Министерот истакна дека започнале да излегуваат препораки и публикации за потреба од трета доза од вакцината против коронавирусот, но нагласи дека се уште нема цврст и јасен став околу тоа прашање.

– Никој не може за сигурно да каже каква ќе биде иднината во однос на вакцинацијата. Дали овие две дози ќе бидат доволни или можеби ќе биде потребна трета доза и сега се поставува прашањето дали од истиот производител или различен или трето сценарио, оваа вакцина да прерасне во форма на сезонска вакцина, додаде тој.

Филипче информираше дека теренската вакцинација е веќе започната во градовите каде што има лица кои се тешко подвижни, во помалите места, а од следната недела се очекува да биде спроведена поинтензивно.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска