Нова машина за метење на јавно прометна површина во Штип

Од:

Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски даде изјава за медиуми во врска со ново купената машна за чисење на јавно прометна површина. Се работи за машина којашто ќе биде во сопственост на ЈП „Исар“ и ќе служи за чистење и уредување на јавно прометни повришини.

„Денеска е еден убав ден за ЈП „Исар“ кога пристигна новото возило-метларка со коешто ќе постигнеме поголема чистота во општина Штип. Ова е прво вакво ново возило за коешто сум сигурен дека ќе даде големи резултати. Возилото е со вредност од 4,5 милиони денари плус ДДВ и има доста високи перформанси на работа. Ова возило може да се движи со 13 километри на час и да исчисти површина од околу 8000 м2 за еден час. Како за споредба со активна работа еден работник може да исчисти за еден час околу 1000 м2 што значи дека со активна работа ова возило заменува околу 8 вработени лица“, изјави Бочварски.

Инвестициите во ЈП „Исар“ продочжуваат и понатаму. Пред одреден временски период беше набавен ровокопач со кој се зголемија потенцијалите и можностите за изградба на поголема метража на канализации и водоводи, со што се решаваат проблемите на граѓаните.

Би можело да ве интересира

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

За 11 месеци три жени убиени во Штип – аларм за сериозноста на семејното насилство

Горан Наумовски

28-годишна штипјанка откри дека нејзиното двегодишно внуче е тешко повредено

Горан Наумовски

Одбраната на обвинетите за убиството на турскиот државјани во Штип бара преиначување на кривичното дело во „убиство на миг“