Нова кривична пријава за Арсенчо Алексовски, поранешниот градоначалник на Крива Паланка

Од:

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против А.А.(59), К.П.(54), А.А.(67), сите oд Крива Паланка и О.П.(60) oд Кратово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување,“ информираат од Министерството за внатрешни работи.

„Во периодот од 01.08.2011 до 2018 година, првопријавениот, во својство на градоначалник на општина Крива Паланка, не постапил по oдобрението за поставување на урбана опрема, издадено од општина Крива Паланка, односно без да се отстрани урбаната опрема во предвидениот период наведен во oдобрението и aнекс-договорот за закуп и без да се прибави ново oдобрение, биле склучени нови договори за закуп на предметната урбана опрема со правно лице од Крива Паланка.

Второпријавениот и третопријавениот, во својство на овластени градежни инспектори во општина Крива Паланка не
извршиле ниту еден инспекциски надзор и не презеле законски мерки согласно нивните работни задачи. Исто така, четвртопријавениот, како овластен градежен инспектор, не презел законски мерки за отстранување на урбаната опрема, туку на 12.03.2020 донел решение за отстранување, по извршен инспекциски надзор по барање за поведување на постапка за дислокација на објекти од 04.03.2020 на општина Крива Паланка, поради реализација на урбанистички план со издадено решение за реконструкција и заедно со прво, второ и третопријавениот прибавиле материјална корист за општина Крива Паланка во вкупен износ од околу 788.601 денари,“ се вели во соопштението од МВР.

Од крајот на 2017 година, кога ја напушти функцијата што ја извршуваше во два мандати, против поранешниот градоначалник Алексовски се поднесени повеќе кривични пријави за злоупотреба на службената положба и овластување.

Би можело да ве интересира

Две службенички од Основниот суд Куманово осомничени за злоупотреба на лични податоци и несовесно работење

Кривична пријава за пет лица поради нелегална сеча и транспорт на дрва

Поранешна директорка на битолската Клиничка болница осомничена за злоупотреба

Кривична за велешанка – си зема 212.000 денари од касата на фирмата каде работеше

А1он

Ексградоначалник на Чашка под истрага за злоупотреба на функцијата

Кривична за битолчанец – со фалсификување документи го оштети РЕК Битола за скоро 90.000 евра

А1он