Нова координација кај Вељаноски за деблокада на буџетот

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски за денеска закажа нова координативна средба со претставници на парламентарните групи во обид да се деблокира донесувањето на буџетот за 2013 година.

Координацијата кај Вељаноски за буџетот за 2013 во понеделникот заврши само со препорака од страна на првиот човек на законодавниот дом за  интензивирање на работата на собраниските комисии на кои се разгледуваат амандманите на Буџетот.

Вељаноски препорача интензивирање на работата на Комисијата за финансирање и буџет, матично тело кои ги разгледува амандманите, а Законодавно-правната комисија да ги разгледува амандманите што веќе поминале на Комисијата за финансирање и буџет.

СДСМ најави дека ќе учествува присуствува на денешната координативна средба со надеж, како што наведуваат, дека власта ќе го прифати нивниот предлогот за кратење на државната каса, по што ти би ги повлекеле сите амандмани.

Вељаноски во функција на деблокада на донесувањето на буџетот за 2013, во понеделникот предложи Комисијата за финансирање и буџет и Законодавно правната комисија за дена да завршат со разгледување на амандманите за буџетот за 2013. Во меѓувреме доколку вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески оцени дека некои од амандманите на опозицијата се прифатливи да ги прифати, и таквиот буџет да биде доставен до Владата.

Опозицијата не го прифати овој предлог бидејќи, како што велат, тие не сакаат временски рамки тврдејќи дека Комисијата за финансирање и буџет работи. Инсистират да се прифати нивниот предлог за намалување на трошењата од буџетот.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, велат дека предлогот на претседателот Вељаноски е во разумна насока, а предлогот на СДСМ е надвор од Деловникот за работа на Собранието и практицирање политичко насилство.  Владејачката ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДСМ има за цел да се држи под закана цела Македонија, вклучувајќи огромен број на категории на граѓани како пензионери, социјалци, работници.

За вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, предлогот на СДСМ е набрзина осмислен и значи уцена и нереализација на програмата на Владата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Николовски: Во Буџетот има помалку пари за земјоделците за 15% и 10 пати помалку пари за рурален развој

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Лефков: Во Буџетот за 2025 година 25 проценти повеќе пари за здравството од оваа година

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година