Нова катна гаража со 5.000 паркинг места

Од:

Министерството за транспорт и врски објави оглас за продажба на злокацијата која се наоѓа меѓу СЦ „Работнички“ и Луна парк. Катната гаража треба да биде висока  29 метри и да има капацитет од 250 возила.

Освен за паркинг, 15 проценти од објектот ќе биде наменет за комерцијалена простор. Со изградбата на катната гаража е предвидено да се реши проблемот со пракирањето во Градскиот парк, но исто така би служела и за потребите на идниот Луна парк за кој Градот Скопје во моментов има постапка.

„Почетната цена на лицитацијата е 1.850 денари по метра квадратен бидејќи има и компатибилна намена, а делот за катна гаража е едно евро.  Министерството интензивно работеше на расчистување на локации за изградба на катни гаражи во Скопје и во другите градови. Во овој период успеавме да расчистиме 18 парцели кои во иднина би претставувале околу 4.000 паркинг места.

– Од овие 18 парцели, три се надвор од Скопје, а останатите се во градот. Осум катни гаражи се во градба, за останатите се очекува многу скоро да започне градбата, а веќе четири од нив се изградени. За останатите седум, три од нив, се во постапка на јавно наддавање за градежно земјиште“, изјави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

Покрај оваа локација, најавен е оглас и за катна гаража, во близина на Соборниот храм, а друга во близина на Собранието на Македонија. За останатите четири во постапка е расчистување на корисничкото право. Со овие катни гаражи во градот Скопје во идниот период ќе се обезбеди нов паркинг простор за околу 5.000 возила.

Би можело да ве интересира

Притвор за турски државјанин кој со капак од шахта тепаше сограѓанин во Скопје

А1он

Обвинителство: Ja убил партнерката пред петгодишно дете, па сакал да избега

Убиство во Скопје: Си ја уби сопругата, па сакаше да избега во Србија

Горан Наумовски

Во несреќен случај загина возач од Скопје

ОЈО: Гевгеличанец е осомничен за демнење, предложени се мерки за претпазливост

Горан Наумовски

Насилници од Скопје со „бекатонки“ претепале две момчиња