Нова канализациска мрежа се гради во штипската населба „Баби“

Од:

Штипското комунално претпријатие „Исар“ од денеска почна со изградба на нова фекална канализација во населбата „Баби“. Раководителот на работна единица „Водовод и канализација“, Валериј Симов вели дека екипите работат на улицата „Лески“, каде што вкупно 10 индустриски објекти ќе бидат приклучени на канализациската мрежа.

– Фекалната канализација ќе биде во должина од 250 метри, со профил од 315. Она што е најзначајно на неа ќе бидат приклучени десетина индустриски објекти во оваа населба, вели Симов.

Тој истакна дека се очекува за дестина дена да заврши изградба на оваа канлизациска мрежа, чија инвестициска вредност е 700.000 денари.

Штипското комунално претпријатие „Исар“ од почетокот на годината има изградено вкупно еден километар нови канализациски линии низ градот Штип.

Би можело да ве интересира

Во штипскиот Основен суд продолжи судењето против Денис Асанов за убиство

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му