Новa генерација професионални војници положи заклетва во велешката касарна

Од:

Новите 198 професионални војници, меѓу кои и 25 девојки, дадоа свеченa заклетва и ѝ се приклучија на Армијата денеска во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес без присуство на родители, пријатели и без медиумите.

Војниците поминаа низ ригорозен процес на селекција кој вклучува медицински и психофизички проверки.

На свеченоста присуствуваше заменик министерот за одбрана Башким Хасани, заменик началникот на генералштабот генерал-мајор Азим Нуредин, претставници од Кабинетот на претседателот и од министерството за одбрана и заменик командантот на Командата за обука и доктрини полковник Стојанче Тодоров.

Во своето обраќање заменик министерот за одбрана Башким Хасани посочи дека да се биде војник е посебна чест и гордост.

– Заклетвата е света должност и чин со кој се обврзуваат да го чуваат и бранат територијалниот интегритет и суверенитет на нашата држава и да му служат на народот. Нашата Армија е препознатлива по својата разноликост а тоа го потврдува фактот дека од година во година бројот на жени во Армијата се зголемува со што се покажува дека оваа професија не препознава пол,потенцира заменик министерот Хасани

На професионалните војници им се обрати и новиот командантот на Центарот за индивидуална обука ЦИО, потполковник Виктор Еркиќ.

Тој посочи дека по краткиот период за прилагодување започнува главниот предизвик, а тоа е совладување на основната борбена обука каде што целото свое знаење што ќе го стекнат овде ќе биде основа за понатамошен нивен развој како идни припадници на Армијата.

Тој информира дека во наредниот период со превземање на сите потребни превентивни мерки за заштита од Ковид-19 новопримените професионални војници дојдени од сите краеви на нашата држава ќе се соочат со совладување на предвидените содржини на основната борбена обука како и основната стручно специјалистичка обука.

– Храброста, патриотизмот, обученоста, чесноста и одважноста се препознаттливи и ценети за припадниците на Армијата. Стекнатите знаења и вложениот труд секако дека понатаму ќе бидат вреднувани и ќе бидат еден од елементите за сите оние кои ја избраа војничката професија како решение за својата иднина, потенцира потполковник Виктор Еркиќ, командант на ЦИО.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Скандал во Велес: Цеца исвиркана откако подигна бугарско знаме

Катерина Ѓуровски

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки

Катерина Ѓуровски

69 болни и немоќни лица денеска гласаат во Велес

Горан Наумовски

Каранфилова Пановска: Во центарот на програмата на СДСМ и Маја Хеско за Велес се граѓаните и нивните потреби

Филипче од Велес: СДСМ имаше пет иницијативи за раст на платите, ВМРО-ДПМНЕ ги одби сите

Велешанец ја следел девојката, ја навредувал и ја малтретирал, но и нанел и повреди

Горан Наумовски