Нова демократија бара од Владата да ги објави податоците за тајните фондови

Од:

Најголемата грчка опозициска партија Нова демократија побара од грчката Влада да ги објави сите податоци што ги поседува за располагањето со тајните фондови.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, во соопштение под наслов „Ципрас, Каменос и Коѕијас да ги објават нивните доверливи тајни“, партијата нагласува дека она што го пишуваат медиумите во врска со раководењето со тајните државни фондови е важно политичко прашање.

– Господинот Каменос кој го обвини господинот Коѕијас за нетранспарентност во располагањето со доверливите фондови на Министерството за надворешни работи, треба уште денеска да ги објави сите податоци што ги има. Како и господинот Коѕијас. кој очигледно неслучајно побара да се проверат средствата со кои раководи Каменос како министер за одбрана. Управувањето со државните фондови не се однесува само на рамнотежата во Владата и на меѓусебно уценетите нејзини лидери, туку и на целото грчко општество. Владата и лично Ципрас треба на граѓаните да им дадат јасни одговори, се наведува во соопштението на Нова демократија.

Би можело да ве интересира

Отворени за сообраќај „Меџитлија“ и „Богородица“ , магла на Ѓавато, Плетвар, Стража и Крушево

Трагедија во Грција: Мајка ја претепа бремената ќерка, девојката доживеа спонтант абортус

Црвена тревога е прогласена за неколку региони во Грција

Грција нема да го екстрадира Аце Циганот за убиството пред 28 години

Катерина Ѓуровски

Поради сообраќајна несреќа сообраќајот од Битола кон границата со Грција се пренасочува преку селата Бистрица и Породин

Грција и Украина потпишаа енергетски договор за испорака на американски течен гас во Киев