Нова аудио бомба открива дека Мицкоски се среќавал со Орце Камчев: Мене ме имаат сликано како влегувам таму

Од:

На „Јутуб“ е објавена нова снимка од разговорите меѓу првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и осудениот во сличајот Рекет, Зоран Милески-Кичеец. Овој пат од снимката се потврдува дека Христијан Мицкоски и Орце Камчев имале средби и состаноци, при што Мицкоски се жали дека за некоја од средбите е сликан, имајќи го предвид фактот дека Камчев бил под ПИ мерки.

„Море човек, јас, ниту излегло од мене муабет дека ние некој пат се слушаме, ниту некаков муабет“, му вели Кичеец на Мицкоски, по што лидерот на ВМРО-ДПМНЕ му враќа: „Ама мене ме имаат сликано, таму кога го следеле Орце, како влегувам. Под ПИ мерки кога бил он и мене ме имаат сликано“.

Тука женскиот глас, односно Слободанка Алексовска која е ексвработена во болницата „Систина“, која се надворзува на муабетот и вели: „Кога беше кај нас, го имаат сликано како има дојдено. Пошто Орце беше под ПИ мерки“, а Кичеец препрашува: „Ве имаат сликано, сигурно?“, на што Мицкоски одговара: „Сто посто“. Алексоска го продолжува разговорот и вели: „Дали само колата или…“, на што Мицкоски одговара: „Колата, не мене. Пошто бев со колата, влегував внатре. Колата како влегува“.

Кичеец му вели на Мицкоски: „Ако вас ве сликале треба некој да ги земе снимките од внатре“, а Мицкоски му вели: „Возилото го сликале, не мене“.

Претходно беа објавени четири снимки од средби меѓу Мицкоски, Алексоска и Кичеец во кои се слушаат разговори за стратегии за соработка за време на претседателските избори.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Никогаш нема да поддржам повеќејазичност во правосудството

Мицкоски: Нема да водиме мекотелна политика и дипломатија за пари како претходната влада

Мицкоски: СДСМ води ПР-стратегија со која истура лаги и не се бори за граѓаните

Мицкоски: Поголема одговорност во трошењето јавни средства

Мицкоски зборува за промената на името, ама не го враќа старото име на државата, вели Филипче

Мицкоски: Подготвен сум да се ограничи двојното државјанство за извршната власт

Горан Наумовски