Нова Алтернатива: Мицкоски е преплашен од фактот што на македонската политичка сцена се појавува вистинска опозициска опција

Од:

Вистинска хистерија и паника владее во ДПМНЕ. Христијан Мицкоски е преплашен од фактот што на македонската политичка сцена се појавува вистинска опозициска опција која ќе биде препознаена како сериозен политички фактор помеѓу граѓаните, велат од Нова Алтернатива.

„На денешната конвенција беа поканети претставници на сите политички партии во Македонија, меѓу кои и претставници на ВМРО-ДПМНЕ. За жал ниту Христијан Мицкоски, ниту било кој од раководството на ДПМНЕ не собра храброст да се појави на денешниот настан организиран од нашата партија. Претседателката Арсовска во изјава за медиуми јасно кажа дека Нова Алтернатива ја напушта коалицијата со СДСМ и ќе се бори самостојно за довербата на граѓаните.

Во ликот на Арсовска и Нова Алтернатива, Македонија и македонскиот народ добиваат вистинска десна опција која ќе го пополни вакумот во десниот политички спектар кој го остави ДПМНЕ на чело со Мицкоски кој во изминатите шест години остана запаметен како нем набљудувач на сите штетни политички процеси за Македонија и како човек без став“, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Арсовска до ОЈО достави 20 нови предмети во врска со градби во Чаир

А1он

Арсовска: Обвинителството започна постапката по првата пријава за фалсификатите од Општина Чаир

Арсовска: Висар Ганиу и Ејуп Адеми му овозможиле легализација на уште еден малолетник Адис Беќаровски, врз основа на барање кога имал 5 години

Арсовска достави документи за 20 случаи за легализирани дивоградби во Чаир до Обвинителството за организиран криминал

Катерина Ѓуровски

Арсовска: Доставивме нови документи до Обвинителство со фалсификатите на Висар Ганиу

А1он

Арсовска на ФБ: Запознајте го Бујар Аземи – сопственикот на небезбедната зграда во Чаир

А1он