Нова акција на Штип Арт Активизам: И ТОР фрла ѓубре во корпа

Од:

Во текот на денешниот ден, беше спроведена нова акција на активистите на Штип Арт.

Имено оваа акција, како што соопштуваат, е поттикната од потребата за да конечно после долги години, се стави во функција јавниот градски тоалет, но и да им се укаже на граѓаните дека воопшто не е убаво да уринираат каде стасаат, особено во влезовите од зградите низ централното градско подрачје.

„Влезовите од зградите, се гледа и на сликите, дека се во тотален хаос, а таму живеат луѓе и минат деца кои алармираат на некултурата и нехигиената во која живеат.

Затоа сакавме да пренесеме порака до локалните власти да се стави во функција градскиот тоалет, кој долги години стои, а од причини непознати за нас граѓаните не е ставен сеуште во функција. Да пренесеме порака и до граѓаните да внимаваат на јавната култура и хигиена.

Сите да се однесуваме одговорно кон нашиот град!“, соопштуваат од Штип Арт Активизам.

Би можело да ве интересира

Во штипскиот Основен суд продолжи судењето против Денис Асанов за убиство

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му