Последниот земјотрес со магнитуда од 3,7 степени по Рихтер

Од:

Нов земјотрес попладнево во 14 часот и 19 минути беше почувствуван во Скопје и околината.

Според Европскиот Медитерански сеизмолошки центар земјотресот бил со магнитуда од 3,7 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот бил девет километри североисточно од Скопје, во близина на село Црешево, на длабочина од пет километри.

Претходно, земјотрес со јачина магнитуда од 2,3 по Рихтеровата скала го потресе Скопје денеска во 11 часот и 50 минути.

Двата земјотреси се дел од серијата потреси што го погодија Скопје и околината во изминатото деноноќие.

Сизмолошката опсерваторија при ПМФ информира дека во текот на вчерашниот ден биле регистрирани 12 земјотреси.

Најсилниот земјотрес беше почувствуван вчера во 15:10 часот со магнитуда од 5,3 степени по Рихтер, а епицентарот беше на 7 километри источно од Скопје.

Во серијата земјотреси што во текот на вчерашниот ден го погодија скопскиот регион причинети се материјални штети, а лекарска помош побарале стотина граѓани.

Би можело да ве интересира

Се зголемува бројот на жртви од земјотресот во Венецуела

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Чешка

Горан Наумовски

Бројот на жртви во Венецуела надмина 3.300

Горан Наумовски

Почувствуван земјотрес со епицентар на подрачјето Тетово-Гостивар

Трагедија: Сопругата и децата на аргентински фудбалер пронајдени мртви по разорниот земјотрес во Венецуела

ВИДЕО: Чудо во Венецуела: 11-годишно момче извлечено живо од урнатините три дена по разорниот земјотрес