Нов заболен од западнонилската треска – едногодишно дете

Од:

Едногодишно детенце е новиот случај на заболен од западнонилска треска, соопштија од Министерството за здравство.

Како што изјавуваат, детето е примено на Клиниката за детски болести, со треска и зголемена телесна температура,  но за среќа со полесна форма на болеста, без тешки компликации, како менингит и енцефалит.

Според податоци добиени од Институтот за јавно здравје, од вкупно пет лабораториски анализи, доставени од Клиниката за детски болести, четири биле негативни. Само кај едногодишното  е добиен позитивен резултат за западнонилска треска.

Инаку, на Клиниката за инфективни болести сé уште лекува две иполгодишното дете, кое и натаму е во потешка здравствена состојба, додека останатите две лица, односно седумгодишно дете и повозрасен маж, по успешното лекување се пуштени дома. Досега во Македонија двајца починаа како последица на овој вирус.

Би можело да ве интересира

Доктор во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец

Предраг Петровиќ

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски