Нов твининг проект на АХВ со поддршка на ЕУ

Од:

Во ЕУ Инфо центарот денеска ќе биде промовиран новиот твининг проект „Понатамошно развивање на контролните системи на надлежните институции за заштита на здравјето на луѓето, животните и растенијата”, финансиски поддржан од Европската унија.

Проектот вреден 751.473 евра, ќе трае 17 месеци, а го реализираат Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Фитосанитарна управа и Управата за семе и саден материјал, Државниот инспекторат за земјоделство и Државната фитосанитарна лабораторија, во соработка со министерствата за здравство и за земјоделство на Италија, како и со Институтот за зоопрофолактика на регионот Умбрија и Марке.

Преку размена на искуства, пренесување знаења и добри практики за законодавството и ЕУ политиките, проектот се фокусира на јакнење на пазарната економија и конкурентноста на македонските производи на европскиот пазар, но и на гаранцијата на заштитата на правата на потрошувачите преку обезбедување високи стандарди за безбедност на храната. Активностите ќе се спроведуваат во областите здравствена заштита и благосостојба на животните, во ветеринарното јавно здравство и во областа на фитосанитарната политика.

На промоцијата, како што најави АХВ, ќе се обратат евроамбасадорот Самуел Жбогар, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков, амбасадорот на Република Италија во Македонија Карло Ромео, директорот на АХВ и проект-лидер Зоран Поповски, како и генералниот директор на Директоратот за здравствена заштита на животните и ветеринарно – медицински препарати при Министерството за здравство на Република Италија Силвио Борело.

Би можело да ве интересира

ЕУ подготвува санкции против САД поради Гренланд

Европа се подготвува да испрати војници на Гренланд

Мема: Урсула фон дер Лајен се обидува да ја претвори ЕУ во Четвртиот Рајх

Европската Унија го укина роамингот за Украина и Молдавија

АХВ уништи над 624 кг. небезбедна храна, изречени се казни од над 33.000 евра

Медведев: Украинскиот народ стана „топовско месо“ за европската цивилизација