Нов споменик на бранителите во Прилеп

Од:

Нов споменик наречен „Прилепски бранители“ ќе се издигнува во центарот на Прилеп, а ќе го симболизира континуитетот на храброста и пожртвуваноста на борците од Прилепско.

Како што информираат од прилепската локална самоуправа паметникот ќе биде стилизиран, модерен, симболизирајќи ја бесконечноста и ќе се извишува во средиштето на кружниот сообраќаен тек во центарот на Прилеп кај основниот суд. Споменикот ќе биде челична конструкција висока 15 метри. Неговата впечатливост ќе доаѓа до израз со специјално осветлување кое ќе ја менува бојата. Во тек е тендерот за избор на понудувач кој ќе се знае до крајот на месецов.

– Токму поради значајното учество на прилепските бранители и паднатите жртви во конфликтот во 2001 година споменикот им е посветен и ќе го носи името „Прилепски бранители“, но е и континуитет на сите борци од овие простори, вели градоначалникот Марјан Ристески.

Според Бранко Нешкоски од јавното претпријатие за урбанистичко планирање, Прилеп секогаш бил меѓу првите да се застане на браникот на татковината, да се потенцира слободарскиот дух и храброста.

– Затоа споменикот е симболот на тој континуитет и е потсетник за идните генерации, нагласува  Нешкоски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Како се одвивала целодневната драма во Прилеп која заврши трагично

Убиецот од Прилеп фрлил бомба и пукал кон полицијата

Катерина Ѓуровски

Ги убил внукот и неговиот син поради кавга за имот, детали за случајот во Прилеп

Катерина Ѓуровски

Двојно убиство и самоубиство во Прилеп

Катерина Ѓуровски

За труењето на 38 работници во прилепска фабрика Центарот за јавно здравје дознал по шест дена

Ревизорите открија: Судот во Прилеп работел сомнително