Нов сообраќаен режим на патот Скопје-Македонски Брод низ Јасен

Од:

Сообраќајот на патниот правец Скопје – Македонски Брод низ територијата на ЈП „Јасен“ од денеска ќе се одвива наизменично.

Од Скопје кон Македонски Брод патот ќе биде отворен од 7:30 до 8:30 часот и од 14:30 до 15:30, а од Македонски Брод кон Скопје од 6 до 7 и од 16 до 17 часот.

Доколку има наноси од снег патот може да биде затворен на неопределено време.

Поради изведување, пак, на градежно-асфалтерски работи на коловозот на патниот правец Фурка-Дојран Р-1 501, од утре во наредните 10-15 дена сообраќајот ќе се одвива по една коловозна лента и ќе биде регулиран со соодветна патна сигнализација.

Би можело да ве интересира

Какви се казните од „Безбеден град“: Поминување на црвено 250 евра и забрана за управување возило до 12 месеци

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози