Нов сомнителен случај на западнонилска треска на Детската клиника

Од:

На Клиниката за детски болести денеска е примено петгодишно дете со симптоми на западнонилска треска. Дали навистина станува збор за оваа болест ќе се знае откако ќе бидат добиени резултатите од анализите од две лаборатории, информираше директорката на Клиника д-р Аспазија Софијанова.

Претходно денеска д-р Софијанова потврди дека во болницата се лекувале две деца кај кои веќе е дијагностицирана западнонилска треска.

– Последните три дена на Клиниката за детски болести утврдивме два случаи нови дијагностицирани и потврдени на западнонилска треска кај две дечиња и тоа на многу мала возраст, кај дете на 18 месеци и четиригодишно детенце, кое во добра кондиција веќе е пуштено дома, изјави д-р Софијанова.

Помалото детенце се уште е хоспитализирано на Клиниката за детски болести, бидејќи болеста започнала со неспецифични симптоми кои, како што рече д-р Софијанова, оделе во прилог на болести што лекарите морале да ги исклучат.

– За среќа испадна западнонилска треска, меѓутоа, сепак, мораме да го мониторираме понатаму. Детенцето закрепнува од компликациите кои беа кај него манифестирани и верувам дека наскоро ќе биде добро и ова дете, изјави директорката на Детската клиника.

Двете деца пред две до три недели престојувале во Грција, што според д-р Софијанова покажува дека западнонилската треска се уште ја има.

– Добивме податок и за двете деца дека до пред две-три недели биле во Грција. Тоа укажува дека овој тип на болест се уште постои на оваа територија. Болест од која некои деца поминуваат добро, меѓутоа кај некои одат со доста големи компликации, предупредува д-р Софијанова, наведувајќи дека во одредени случаи можно е западнонилската треска да има неспецифични симптоми како кај 18-месечното детенце.

Западнонилската треска не се пренесува од човек на човек, туку преку убод од заразен комарец. Најризични категории се постарите лица, деца и луѓе со намален имунитет.

Би можело да ве интересира

Министерот Алиу апелира: Граѓаните да пријават евентуални неправилности во врска со кардиолошките интервенции

Министерство за здравство: Две комисии ја проверуваа Стоматолошката комора, одлуката е донесена врз база на факти

Зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага и ги повикува граѓаните да пријавуваат вакви случаи

Владата одвои многу пари за модернизација на нашето здравство, вели министерот Азир Алиу

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството