Нов случај во Дебар, градоначалникот најави дека полицијата ќе мери температура на сите кои ќе влегуваат во градот

Од:

Градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука, вели дека во градот се појавил еден нов случај на жител заразен со коронавирус. Тој најави дека на сите кои ќе влегуваат во Дебар, од сега, ќе им се мери температура бидејќи стравуваат од втор бран на вирусот во градот

„Информирани сме, неофицијално, дека имаме еден случај на Ковид-19. Се работи за жена која била оперирана пред три години, а сега околу 10 навечер дошла во Општата болница Дебар, веднаш е третирана со адекватна терапија, изолирана и испратена на Клиниката за анестезиологија и реанимација, каде што ѝ е земен брис за Ковид-19 и увидено е дека таа е позитивна. Овој пациент имал со контакт со домашните, но имал и посети дома, како и контакти со медицинскиот персонал кој се затекнал со дежурство вчеравечер. Дебар веќе не е зелена зона, туку има еден случај, што се очекуваше“, рече градоначалникот.

Тој кажа дека епидемиологот ги утврдува контактите по што сите кои имале контакт со пациентката ќе бидат ставени во изолација, вклучително и медицинарите од болницата во Дебар.

Дука кажа дека МВР ќе го контролира влезот и излезот од Дебар, а на  секој кој ќе влегува ќе му се мери температура.

Би можело да ве интересира

Кривична за жител на дебарското село Отишани, поради поседување марихуана

Горан Наумовски

Во Дебар поставен транспарент „Албанците се понижуват до таму што се гази и крвта на паднатите борци! Врати се команданте, Али Ахмети!“

Катерина Ѓуровски

Крадец од Дебар украл паричник со документи и пари

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава