Нов случај на украдени регистарски таблици од македонско возило во Солун

Од:

На Граничниот премин „Богородица“ во неделата – 19. октомври е пријавен уште еден случај на украдени регистарки ознаки на возило на македонски државјанин во соседна Грција.

Случајот е пријавен од страна на лицето М.Н.Е. од Скопје во чија сопственост е возилото марка „Митсубиши’’ на кое е одземена предната регистарска ознака. Кражбата на регистарската ознака се случила на 17. октомври во Солун.

Сопственикот на возилото, случајот не го пријавил во грчката полиција, соопшти денеска МВР.

Со овој нов случај на одземена регистарска ознака вкупната бројка достигнува петнаесет, а досега регистрирани се и седум оштетени возила.

Би можело да ве интересира

Грчката бизнис асоцијација го продолжува своето силно присуство во земјава

Катерина Ѓуровски

Висок грчки офицер e уапсен за шпионажа

Горан Наумовски

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид

Горан Наумовски

ВИДЕО: Трагедија во Грција: 15 мигранти загинаа во судар на чамец и патролен брод

ВИДЕО: Невремето во Грција однесе две жртви

Снежна бура во Грција, училиштата затворени во неколку региони