Нов рок за санација на улицата „Страшо Пинџур“ во Штип

Од:

Општина Штип им даде уште десет дена рок на инвеститорите на зградата „Порта пролет“ да ја пуштат во употреба улицата „Страшо Пинџур“ во Штип.

Изградбата на комплексот „Порта пролет“ започна пред повеќе од осум месеци, поради што еден од влезовите кон улицата „Страшо Пинџур“ беше затворен за возила, а беше ограден и дел од тротоарот на улицата „Генерал Михајло Апостолски“.

Ова предизвика револт кај граѓаните што живеат на оваа улица, поради што побараа од тогашниот градоначалник Зоранчо Алексов да издаде наредба за отстранување на лимовите со кои беше затворена улицата, но проблемот не доби своја разрешница.

По завршувањето на изборите граѓаните побараа проблемот да биде решен од страна на новата локална власт.

Постапувајќи по барањето на граѓаните, новиот градоначалник Илчо Захариев издаде решение со кое на изведувачите на овој комплекс им се наложува најдоцна до први јули да го вратат патот во состојба како пред започнувањето со градбата.

IMG_1219

Пред неколку дена инвеститорот доставил барање до локалната самоуправа за продолжување на рокот.

„Пред неколку дена остварив средба со изведувачот на комплексот ’Порта пролет‘ на која беше побарано рокот да биде продолжен. Бидејќи поставувале шипови за обезбедување на целото место, ветија дека целата работа ќе ја завршат до 5 јули и патот ќе го пуштат во употреба“, изјави градоначалникот, Илчо Захариев.

IMG_1223

Жителите од оваа улица пред некој ден се пожалија и на лошата миризба, која според нив доаѓа од канализацијата што била оштетена при градежните работи, поради што градоначалникот најави дека во текот на овие денови комплексот ќе биде посетен и од страна на санитарната инспекција за да се утврди дали станува збор за излевање на фекалии.

Барањето на инвеститорот е прифатено од страна на Општината, а крајниот рок за пуштање на патот во употреба е 10 јули. Доколку рокот не биде испочитуван од Општината најавија дека инспекциските служби ќе мораат да реагираат.

IMG_1220

Според проектот, висината на овој комплекс ќе изнесува 35 метри, што беше повод за поднесување барање за оспорување на градежната дозвола поднесена од група граѓани. Се очекува во блиска иднина второстепената комисија при Министерството за транспорт и врски да се изјасни по жалбата на граѓаните.

М.Р.

Би можело да ве интересира

Во дел од штипските населби проблеми со снабдувањето со струјата

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Полицијата трага по 13-годишно девојче од Штип

Во Штип двајца директори на државни институции поднесоа оставки

А1он

Маж од Штип е осомничен за убиство на својата партнерка

Горан Наумовски

МВР: Маж со прострелна рана е пронајден во селото Пиперово