Нов протест со шест барања и ултиматум за скандалот на Онкологија

Од:

Неформалната организација „Протест против убиството на Онкологија“ денеска во 18 часот организира нов протест за кражбата на лекови на Клиниката за онкологија. Во најавата, наведуваат шест барања кои ќе ги презентираат на протестот, кој ќе продолжи пред Основното јавно обвинителство.

„Ве повикуваме повторно на протест во понеделник пред Влада, каде заедно ќе го искажаме гневот и револтот против криминалот кој со години се толерирал на Клиниката за Онкологија. Протестот од Влада ќе продолжи пред Зградата на ОЈО каде ќе побараме судска разрешница за сите инволвирани во скандалот со Клиниката на онкологија.
Нашите барања и ултиматум од овој протест се:
1. ОЈО да излезе со детали за текот на истрагата во рок од една недела
2. Истрага за инволвираноста на поранешниот министер Венко Филипче и директорот Нино Васев
3. Проширување на истрагата на работата на Детска онкологија
4. Целосна ревизија на работата на Клиниката за Онкологија
5. Правосилни судски пресуди за сите инволвирани во злосторството и криминалот на Онкологија
6. Вклучување на онколошки пациенти кои ќе имаат увид во самата истрага.
Воедно, апелираме сите онколошки пациенти да не контактираат за нивните искуства, за да придонесеме во целосно разоткривање и одговорност на сите инволрвирани во скандалозното работење на Клиниката за онкологија“, стои во најавата за протестот.

На првиот протест кој се одржа пред една недела, беше поставен истиот ултиматум до властите, за една недела да излезат со информации за случувањата на Онкологија, нешто што не се случи.

Би можело да ве интересира

Судење „Онкологија 2“ – Туфегчиќ: Доктор Црвенкова правилно постапувала и го продолжила периодот на преживување повеќе од вообичаено

Горан Наумовски

Судење за аферата „Онкологија 2“: Одбраната на Васев со забелешки за вештачењето и лиценцата на експертот

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Скандалозно однесување – на сред меч погледна во мобилниот, па го загуби дуелот во кој водеше

А1он

ИЈЗ: Малигните неоплазми – втора најчеста причина за смрт, стапката на морталитет повисока кај мажите

Горан Наумовски

Случај „Онкологија 2“: Спорни исплати од ФЗО, побарано укинување на притворот за Васев и Нухи

Сведок од ФЗО: Поради зголемен број пациенти се бараа повеќе пари за онколошка терапија

Горан Наумовски