Нов прислушкуван разговор објавен на интернет

Од:

Нов телефонски разговор е објавен на руската мрежа „vk.com“, од лице со корисничко име Илија Громовник. Во аудиото се тврди дека се слуша гласот на актуелен пратеник. Во објаснувањето под аудио материјалот пишува „2019, прва од новиот сет бомби. Пратеник наркоман“. На профилот пишува дека моментална локација на објавувачот му е во Будимпешта, Унгарија.

На почетокот од разговорот, се слуша гласот на лицето за кое се тврди дека е пратеник како упатува пцости велејќи „Слушај, тие муабети можеш комотно да фатиш и да си ги носиш во три лепе п*зде материне“. Потоа вели „Еј брат што правиш? Можеш да се организираме пола да донесеш?“.

Пред еден месец, од истиот профил, на истата мрежа, беа објавени четири аудио материјали, во кои има разговори од сегашни и ексфункционери. Тогаш, премиерот Зоран Заев рече дека новите „бомби“ се дел од пакетот разговори предадени во СЈО, потенцирајќи дека се превземаат мерки да се утврди кој ги објавува.

Би можело да ве интересира

Пронајдени се рачни бомби во село Боговиње

Повеќе од 10 рачни гранати биле пронајдени во ранецот на 15-годишно момче во Малме

Драма во Тексас: Експлозиви пронајдени во просториите на „Тесла“

Сите дојави за бомби во училиштата се лажни

Полицајци пронашле рачни бомби поставени на планинарска патека

Горан Наумовски

Спасовски: Нема дојави за бомби откако се воведоа протоколи во училиштата

A1on