Нов плоштад и фонтана во Карпош за дружење и уживање

Од:

Жителите на општина  Карпош од денеска ќе имаат уште едно катче за  може да  релаксација и  уживање.

Општината доби  уште еден плоштад со фонтана. Градоначалникот Стефчо Јакимовски најави дека се очекува наскоро да биде реновиран и плоштадот кај Млечниот ресторан и да почне со изградба плоштадот кај Порта Влае.

„Во овој објект во Карпош 3,  општината инвестираше  шест милиони денари и на него е изградено ново плато, нова фонтана, поставена е нова урбана опрема и реквизити за детски игри. Како што гледате, овој простор е убав и за одржување на пригодни, јавни културни и други манифестации . Сакам да го изразам своето задоволство од сознанието дека во иднина, овој прекрасен простор, облагороден со сите неопходни елементи ќе биде убаво катче за секојдневно дружење и одмор на граѓаните од овој дел од Општината, како преку ден така и во вечерните часови“, рече  Јакимовски.

На предавањето во употреба на плоштадот и на фонтаната присуствуваа граѓани и  гости од збратимените градови: Тиват (Црна Гора), Стари Град- Сараево (БиХ), Травник (БиХ) и Врњачка Бања (Србија).

Фото: макфакс

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Интервју со Јакимовски: Ако до 2030 година не влеземе во ЕУ мора да најдеме алтернатива, ова стана поигрување со нацијата

Александар Тодески

Општина Карпош пред Уставен суд ќе го оспорува ДУП-от кој го донесе Општина Ѓорче Петров

Општина Карпош: Донесовме инвестиција од 50 милиони евра и ќе продолжиме да работиме во интерес на граѓаните

Горан Наумовски

(ВИДЕО) „Преку Стевчо ни е, лудилото мора да сопре“: Протест против изградбата на 17-катница кај Воена болница

Орце Костов

(ВИДЕО) Јакимовски: Со изгласан буџет, Општина Карпош ќе продолжи непречено да функционира

(ВИДЕО) Велјановски: Со насилство се донесе буџетот на Општина Карпош