Нов пат до две населени места во Прилепско и до манастирот „Свети Никола“

Од:

Се асфалтира пат од преку пет километри од прилепското село Волково до манастирот „Свети Никола“, кој се наоѓа во близина на населеното место Прилепец.

Патот беше во исклучителна лоша состојба, сметаат градските власти, тешко пристапен како за жителите на двете населени места, така и за посетителите на манастирот.

Според прилепскиот градоначалник Илија Јованоски во рамки на програмата на Општината за изградба, реконструкција и рехабилитација на постојната патна инфраструктура, беа изработени проекти за реконструкција на патиштата од селото Волково до прилепското село Прилепец, како и од Прилепец до манастирот „Свети Никола“.

– Вкупната вредност на двата проекта изнесува 31.2 милиони денари. Средствата за изградба на патот беа обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во рамките на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година, додека ДДВ-то е целосно финансирано од општина Прилеп, вели Јованоски.

Досега се асфалтирани околу 2.4 километри од патот, а според најавите на изведувачот, комплетните градежни работи ќе бидат завршени најдоцна до крајот на овој месец.

Би можело да ве интересира

Определен e притвор на шест лица за случајот со Прилепската болница

Побаран притвор за шестмина и мерки претпазливост за 15-тина кои се приведени за случајот со Прилепската болница

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

Денеска во Прилеп гласаат 298 болни и изнемоштени, 60 штитеници и 119 осуденици во прилепскиот затвор

ВМРО-ДПМНЕ: Продановски e вистинскиот избор за градоначалник во Општина Прилеп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Хаос во Прилеп: Две банди се пресметаа во дворот на болницата