Нов парк во населбата Козле

Од:

Нов парк спроти студентскиот дом „Гоце Делчев“ во населбата Козле, со површина од 10.000 метри квадратни, денеска е пуштен во употреба.

Паркот располага со 6.000 метри крадратни хортикултурно уредување, финансиски покриено од Градот Скопје. Останатиот дел од 4. 000 метри квадратни партерно уредување и поплочување на просторот со 200 метарска фонтана, како и детско игралиште со еко-реквизити е инвестиција обезбедена од буџетот на Општината Карпош.

Вредноста на овој парк е 38.5 милиони денари, а изведувач е фирмата „Лутарика од Скопје“.

Градоначалникот Трајановски напомена дека Градот Скопје постојано вложува во изградба на паркови заедно со општините кои се наоѓаат на територија на Градот Скопје.

– Овој парк претставува продолжение на претходните два – „Македонија 1“ и „Македонија 2“, кои денеска претставуваат едни од најубавите паркови со зеленило и цветни аранжмани во цело Скопје. Пред се, задоволен сум што со градоначалникот на Општина Карпош имаме одлична соработка за проекти од заедничко значење, со цел на граѓаните кои живеат во овој дел од градот Скопје да им се исполнат нашите проекти, кои како ветување сме им ги дале, рече Трајановски.

Би можело да ве интересира

70 деца на лекување во Козле, 15 со компликации од грип

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот