(ВИДЕО) Нов обид: Лекарите ќе штрајуваат на 14-ти ноември

Од:

Раководството на Синдикатот на Клинички центар донесе нова одлука за штрајк на 14-ти ноември, откако пропаднаа преговорите водени со министерот за здравство, а на кои главното барање беше да се стопира плаќањето по учинок со кое се пресметуваат приходите на лекарите.

Одлуката за нов штрајк следува откако судот веќе еднаш им го забрани претходниот штрајк по барање на министерот за здравство, поради како што беше наведено правни недостатоци во штрајкувачката одлука.

„Решивме да ја повлечеме оптужената одлука, врз основа на која е донесена за нас неприфатлива времена мерка, со што тој судски процес станува беспредметен. Донесена е нова одлука за генерален штрајк врз основа на слабите преговори со министерот кои не вродија со никаков плод. Сите работодавци, сите директори на јавните здравствени установи, вклучувајќи го и Министерството, се известени благовремено и не гледаме дека овој пат ќе се најде бирократска причина за судска реакција“, рече Дејан Ставриќ, претседател на Самостојниот синдикат на Клинички центар.

Ставриќ реагираше и на изјавата на министерот Тодоров дека и овој штрајк, поради низата законски недоследности, може да вроди со реперкусии до штрајкувачкиот одбор и лекарите, Тој рече дека овој пат министерот не смее да им го прекршува граѓанското право на протест.

„Министерот мора да се соочи со волјата на сите специјалисти во Македонија во јавниот сектор, можеме пак да трчаме по судови, но одлуката на лекарите ќе постои, и тие, формално или неформално, ќе стапат во штрајк“, изјави Ставриќ.

Синдикатот ја отфрли понудата на министерот за решавање на спорот во врска со системот плаќање по учинок, зашто според нив била неприфатлива. Шанса да се сопре штрајкот на 14-ти ноември е доколку министерот ја прифати спогодбата која Синдикатот му ја понудил, а која го прецизира начинот и динамиката на преговорите.

Доколку штрајкот се реализира, пациентите ќе бидат прегледани, доколку има потреба од натамошен третман ќе бидат третирани, а доколку се работи за планирана процедура, дијагностичка, терапевтска или оперативна, тоа ќе биде одложено. Тодоров не ги коментира најавите на Синдикатот.

Би можело да ве интересира

Продолжува штрајкот на специјализантите: „Нема желба од Владата да се решат нашите проблеми“

Орце Костов

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Над 40 камери прегледани и над 15 лица сослушани во врска со убиството на докторот во Железара

Предраг Петровиќ

Чолакова-Дервишова: Лекарите не се чувствуваат безбедно, сакаат построги казни за напад на здравствените работници