Нов конгресмен во македонската група за пријателство

Од:

Републиканскиот конгресмен од Флорида Треј Радел е новиот, 21-ви член на групата на пријатели на Македонија во Конгресот на САД.

Радел вчера најави дека ќе влезе во таканаречениот македонски кокус, на средба со Обединетата македонска дијаспора во Вашингтон. Радел е новоизбран републикански конгресмен од Флорида.

Неговата изборна единица ги покрива Форт Мајерс и Нејплс, каде Македонија го именува бизнисменот Лу Влашо за почесен конзул, кој придонел за приклучување на конгресменот Радел кон македонската група во Конгресот.

– Бидејќи македонската заедница во Флорида расте, особено во Нејплс, конгресменот Радел ќе овозможи гласовите на овие американски Македонци да бидат претставени во политичкиот врв во Вашингтон. Во пресрет на самитот на НАТО во 2014 година, македонското членство во НАТО и проширувањето на НАТО во целина, треба да се вратат на листата на приоритетите на американската администрација кон Балканот, оцени претседателот на ОМД Методија Колоски.

Конгресменот Радел е член на влијателната Комисија за надворешни работи на Претставничкиот дом на Конгресот. Поранешен ТВ новинар и конзервативен радиоводител, а пред да биде избран за конгресмен Радел водел компанија за односи со јавноста.

Би можело да ве интересира

Дијаспората ќе гласа само за претседател, нема доволно пријави за изборите на пратеници

Катерина Ѓуровски

Дијаспората незаинтересирана за гласање во Македонија: Досега пристигнати 209 пријави

Османи: Има паника кај граѓани во дијаспората дека после 12 февруари ќе ги загубат работните места и дозволите за престој

Орце Костов

ОМД бара Ескобар да се заложи за правата на Македонците во Бугарија

Успешните од дијаспората да напишат мотивациско писмо зошто сакаат брза лента на аеродромите – Османи повторно дели МКарта

Орце Костов

Македонската дијаспора од ЕУ во 2021 година во Македонија испратила 325 милиони евра

Горан Наумовски