А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Нов граничен премин со Косово

by А1он08/10/2013 - 18:271141
Share0

Откако парламентот ќе го ратификува договорот меѓу Република Македонија и Република Косово за отворање на граничниот премин Белановце-Станчич, останува да се изгради потребната патна инфраструктура за да се стави во функција овој премин.

Добивај вести на вибер

Ова за весникот „Коха“ го потврдил заменик министерот за транспорт и врски, Џељиљ Бајрами.

– Потребните финансиски средства се обезбедни од европски фондови и многу набрзо ќе почнат работите.Експропријацијата е извршена, избрана е компанијата. Остануваат само уште некои технички прашања, кои исто така многу брзо ќе бидат заокружени. Верувам дека преминот во функција ќе биде ставен за една година, тврди Бајрами.

Друг значаен проект со Косово, кој чека на реализиација повеќе од седум години е реконструкција и проширување на патнот правец Скопје-Блаце, вклучувајќи го и проширувањето на преминот Блаце. Овој проект, се согласува и Бајрами, останал заложник на немањето финансиски средства.

– За овој проект во разговори сме за изноѓање финансиски извори. Доколку не можеме да обезбедиме кредит од некоја меѓународна финансиска инситуција, тогаш ќе настојуваме овој проект да се реализира со буџетски средства, изјавил Бајрами.

Според него, за изградба на автопатот од Приштина до Блаце на косовската страна, доколку почне со изградба на крајот од годинава, потребни и се најмалку три години за негово завршување. Тој е убеден дека до тогаш ќе бидат завршени работите и на делницата Скопје-Блаце.

kosovosoobrakajtransport

Би можело да ве интересира

Одаловиќ: Органи на Срби од Косово се продавани во странство

Горан Наумовски19/02/2026 - 12:13

Вучиќ: Загрозени сме од воениот сојуз на Хрватска, Албанија и Косово, ќе ја браниме нашата територија

Катерина Ѓуровски13/02/2026 - 20:4713/02/2026 - 22:26

Симиќ: Во експозето на Курти нема Срби, ниту пак правата што ни се гарантираат со Устав не ни се загарантирани

Горан Наумовски12/02/2026 - 14:14

Избрана нова влада во Приштина, Курти е премиер по трет пат

Горан Наумовски11/02/2026 - 22:55

Курти го претстави составот на новата косовска влада, Ненад Рашиќ е предложен и за министер

Горан Наумовски11/02/2026 - 22:45

Курти доби мандат за формирање на нова косовска Влада

Горан Наумовски11/02/2026 - 21:05
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен