Нов дрворед во Ѓорче Петров

Од:

Акцијата за засадување нови дрвја и за обновување на дрворедите во Скопје денеска продолжува со засадување нов дрворед по должината на улицата Ѓорче Петров, соопшти Град Скопје.

„По добиените информации за подземните инсталации од повеќе институции, како што се ЕВН, БЕГ, ЈП ‘Водовод и канализација’, МВР и други оператори, Градот Скопје со јавните претпријатија ‘Улици и патишта’ и ‘Паркови и зеленило’ денеска засадуваa нов дрворед во Ѓорче Петров. На потегот од раскрсницата што води кон болницата ‘Санте плус’, па до бензинската пумпа на Макпетрол, од двете страни на улицата ќе бидат засадени 70 дрвја од видот јасен. Сите дрвја што ги садиме наскоро ќе ги добијат имињата на новородените деца во градот, како дел од проектот ‘Дрво за секое дете’“ рече портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиху.

Oваа есенска акција за обновување на дрворедите и за подигање нови дрвореди Градот ја спроведува во соработка со сите скопски општини кои учествуваат со механизација и садници.

„Продолжуваме со обновување на загубеното зеленило во сите општини во градот. Им обезбедуваме на нашите сограѓани повеќе чисти зелени површини. Влогот во здрава животна средина е трајна придобивка која директно влијае врз здравјето на граѓаните“, нагласи Салиху.

Би можело да ве интересира

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Левица: Скопје беше кренато од урнатините – денес го затрупуваат дивоградби и корупција