Нов дел од разговорите Мицкоски-Кичеец, Мијалков плаќал автобуси за митинг на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Во новата снимка, која трае само 23 секунди, а во која се слуша нов сегмент од разговорите меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и осудениот во „Рекет“, Зоран Милески-Кичеец, се зборува за начинот на кој биле платени автобусите ангажирани за митингот пред Влада што  се одржа на втори јуни 2018 година. Според неа, Мијалков го финансирал транспортот на луѓето кои од други градови беа носени на митингот во Скопје.

Во разговорот, Мицкоски му вели на Милески-Кичеец: „Сашо никогаш не доаѓал во партија, скршен од мака. Сашо даде двапати по 5.000 евра за автобусите за втори јуни. Тоа е  донација од Сашо“, откако претходно Милески-Кичеец му раскажува: „Најди си лик, не знам, тој имал некој добар пријател, со нешто, ваму-таму, јас ќе појдам, само да не појдит Сашо никако во партија, да не влезит, тие се муабетите“.

На датумот што го споменува Мицкоски во снимката, односно втори јуни, во Скопје пред Владата се одржа голем протест на ВМРО-ДПМНЕ, на кој најдолг говор имаше токму претседателот на партијата. На него беа донесени граѓани од други градови со организиран превоз во Скопје.

Не е познато на кој начин Мијалков  донирал 10.000 евра за да се платат автобусите што ги споменува Мицкоски. По ова, се отвора прашањето за легалноста на ваквите донации и дали тие биле уредно пријавени во финансиските документации на ВМРО-ДПМНЕ.

За ВМРО-ДПМНЕ веќе се води постапка за незаконско финансирање на партијата. Судските процеси за предметите „Талир 1“ и „Талир 2“, кои ги оформи СЈО, траат, а во нив е обвинет дел од поранешното раководство на партијата, меѓу кои Никола Груевски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Иво Котески, Емил Димитриев.

Претходно, на истиот јутјуб-канал беа објавени снимки во кои Мицкоски кажува дека е против закон со кој „Империја“ ќе продолжи и за тоа како Камчев му помогнал да се отплатат долговите оставени од Груевски. Во друг објавен разговор, пак, Мицкоски се жали дека на некоја од средбите со Камчев е сликан, имајќи го предвид фактот дека бизнисменот и сведок во „Рекет“ бил под ПИ-мерки.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Подобри сме од многу земји во однос на минималата плата споредена со трошоците на живот

„Гугл“ и „Фејсбук“ ќе купува струја од Македонија, најави Мицкоски

Горан Наумовски

Мицкоски: Тоа што не успеа Тодор Живков и плејада други бугарски политичари со Македонија, успеа во време на СДСМ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трајчулески до Мицкоски: Зошто го отворате прашањето за македонскиот јазик, не враќате во времето на Груевски со истите мотиви?

Мицкоски: Поединци од СДС потпалуваат за да има политички пожари, а го бранат и Коцевски како последен бастион кој го брани нивниот криминал

Мицкоски: Во Штип е најголемата здравствена инвестиција од околу 150 милиони евра