Нов апарат на Тораковаскуларна хирургија, можните компликации при операција на тироида на минимум

Од:

На Клиниката за торакална и васкуларна хирургија е ставен во функција еден од најсовремените апарати за невромониторинг со кој ќе се сведат на минимум сите можни компликации кои се јавуваат при интервенции на тироидната жлезда. Станува збор за апарат кој првпат се набавува во Клиниката и во јавното здравство во Република Македонија, а ретко го има и во земјите од регионот.

Вредноста на апаратот, кој го набави Министерството за здравство, е 2,1 милион денари.

Министерот за здравство Никола Тодоров денеска ја посети Клиниката каде по средбата со директорот Зоран Спировски и доктор Александра Кониг од Универзитетскиот медицински центар Хамбург-Епендорф, која работи со докторите, специјалистите на Клиниката, рече дека користејќи го апаратот тие ќе изведат 10 интервенции на тироидна жлезда.

Посочи дека овој апарат е од исклучителна помош за хирурзите за време на операцијата со цел да се сведат на минимум сите можни компликации кои се јавуваат при интервенции на тироидната жлезда, како што се повреда на гласните жици, која ако го нема овој апарат е многу честа и потоа треба да се прави втора дополнителна операција на друга Клиника за да се отстранат последиците.

– Со цел избегнување на овие компликации, по сугестија од Клиниката во Хамбург и по барање на нашите специјалисти и на директорот на Клиниката, Министерството го набави овој апарат. Се воведува еден нов пристап на ваков тип интервенции на Клиниката, што е за поздравување, додаде Тодоров.

Директорот на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија, Зоран Спировски рече дека со апаратот ќе се врши детекција на нервот, кој е одговорен за гласните жици, неговите гранчиња со кои како хирурзи доаѓаат во колизија при оперативни зафати на тироидната жлезда пред се на малигните заболувања на тироидната жлезда.

– Овој апарат покрај тоа што ќе најде широка примена кај нас, тој ќе може исто така да се користи и на Клиниката за оториноларингологија, на Клиниката за максилофацијална хирургија, истакна Спировски.

Посочи дека тоа ќе биде една огромна придобивка за пациентите бидејќи ќе се сведат на минимум компликациите кои може да ги има при овие интервенции односно повредувањето на нервот одговорен за гласните жици по што понатаму произлегува еден проблем со говорот, се јавува дисфонија, пациентите не можат да зборуваат, а се јавуваат и тешкотии при дишењето…Нагласи дека верува оти сите тие можни компликации со помош на апаратот ќе ги сведат на минимум.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза