Нотарската комора бара зголемување на нотарските тарифи

Од:

Нотарската комора бара зголемување на дел од нотарските тарифи, кои како што посочуваат не се зголемени повеќе од 25 години.

– Неминовно е да има измени во дел од нотарската тарифа од причина што зголемени се трошоците. Како Комора сме во корелација со Министерство за правда и Владата, како би можеле да не се оптерети буџетот на граѓаните и да се задржи нотарската професија, изјави претседателот на Нотарската комора Методија Ристоски.

На денешниот брифинг со медиуми, како пример, ја посочуваат заверката која чини 100 денари и не е променета 27 години.

Како дел од проблемот, ги посочуваат законските измени со кои се дозволува наместо претходно уреденото на 20 илајди граѓани да има еден нотар, да има најмалку еден нотар, но и законските измени од 2016 со кои се воведува задолжително учество на адвокатите во постапките пред нотар и право на 50% пд нотарската награда.

Како пример го посочуваат Куманово каде според последниот попис треба да има 7, а сега има 14 нотари.

Би можело да ве интересира

Зошто е неопходно да се прилагодат тарифите на нотарските услуги?

A1on

Укинато е зголемувањето на нотарските тарифи

Нема да има поскапување на нотарските тарифи од 1 септември

Горан Наумовски

Левица: Тарифата на нотарите енормно зголемена – партиите на власт со нов удар по џебот на граѓаните

Горан Наумовски

Ексзаменик-министерот на ДУИ, наплатил 300 илјади евра како нотар на „Комунална хигиена“

Васко Маглешов

Од септември зголемување од пет проценти на платите на судиите и судските службеници