Нормализирана состојбата пред Владата по синоќешниот протест

Од:

Состојбата на просторот пред Владата по синоќешниот протест е нормализирана. Улиците се расчистени, сообраќајот се одвива нормално и не е забележливо засилено полициско присуство.

Во тек на протестот, што уследи по објавувањето материјали од страна на СДСМ за убиството на Мартин Нешкоски, според последните информации на МВР, повредени се 20-ина полицајци, како и четворица цивили. Повредените се префрлени во Ургентниот центар, Градската општа болница „8-ми септември“ и хируршката болница „Св.Наум Охридски“. Приведени се повеќемина демонстранти. Подетални информации МВР најави во текот на денов.

Протест 3

При ескалацијата на протестот беа демолирани полициски автомобили и запалени контејнери, а според  МВР приченета е материјална штета на државен имот кај зградата на Владата.

По неколкучасовниот протест, што почна во 18 часот, полицијата околу 23 часот ја растера толпата граѓани кон околните улици кај Владата, а го блокираше пристапот кон владината зграда.

Во тек на протестот демонстрантите бараа одговорност и оставки од претставници на власта за убиството на Нешкоски, за кое судот определи казна затвор од 14 години за Игор Спасов, припадник на полициската единица „Тигри“.

Протест 2

Пред почетокот на протестот министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на прес-конференција во Владата рече дека снимките кои ги објавува претседателот на СДСМ Зоран Заев се креиран, монитиран и лепен материјал. Јанкулоска оцени дека Заев за политички цели злоупотребува смрт на млад човек. 

Би можело да ве интересира

Вработените на „Паркови и зеленило“,„Флораком“ и „Луна“ најавуваат протести секој ден

(ВИДЕО) Колумбијците протестираат против Трамп, четворица полицајци повредени со стрели

Движењето „Ниту една повеќе“ вечерва изрази револт поради убиството на Росица, како и многу други случаи на фемициди

Кордон помеѓу студентите и местото каде се одржува воената парада во Белград

„Ниту една повеќе!” – протест против насилството врз жените

А1он

Илјадници демонстранти се собраа во Тел Авив барајќи крај на војната во Газа