Нормализиран сообраќајот на патот Демир Капија – Удово

Од:

Сообраќајот на патниот правец Демир Капија – Удово утрово е нормализиран, откако екипи на ЈП Макеоднија го расчистија каменот што падна на коловозот во близина на ресторанот „Белов“. 

АМСМ информира дека поради интензивни врнежи од снег, воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар.

На патниот правец А3 обиколница Битола-Ресен на 70+300 км, поради свлечиште патот е во прекин во двата правци. Како алтернатива, сообраќајот е пренасочен преку градот Битола.
Општинскиот пат с. Долни Полог- с. Облешево пред Кочанска река е во прекин поради прекопан коловоз и е направен канал за одводнување на надојдена атмосферска вода од врнежи на дожд.
Eкипите на ЈПМакедонијапат ги расчистија свлечиштата на патниот правец Кочани – Делчево. Поради врнежите од дожд и можноста од повторно активирање на свлечиштата од превентивни причини патниот правец Кочани-Делчево останува затворен за сообраќај. Сообраќајот е пренасочен преку Виница-Смојмирово-Делчево.

На патниот правец Крива Паланка – граничен премин Деве Баир кај с.Узем поради одрон зафатена е една коловозна лента во должина од 15 – 20 метри. На самото место поставена е соодветна патна сигнализација. Екипите на ЈП Македонијапат работат на расчистување на коловозот и нормализирање на сообраќајот.

На патниот правец Р1106 Марков Манастир – Брезница на 1 км после клучката за Марков Манастир, поради одрон сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 10-15 метри. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација. Се препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна сигнализација се до целосно расчистување на коловозот.

На регионалниот пат Берово – Виница кај м.в. Обозна поради одрон на камења сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента.

На патниот правец Делчево – Берово кај с. Нов Истевник поради свлечиште сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 5 – 6 метри. 

На патниот правец Удово – Валандово поради излевање на Калковска Река има вода на коловозот која не е голема и се препорачува внимателно управување со возилата. Екипите на ЈП Македонијапат работат на расчистување и оспособување на коловозот.

На патниот правец Р1404 Марвинци – Балинци – Брајковци под надвозникот кај клучка Марвинци поради излевање на каналите има вода на коловозот. Се препорачува користење на алтернативен патен правец Удово – Валандово – Гевгелија и обратно.

На патниот правец Куманово-Крива Паланка кај месноста усек с.Страцин има континуирано свлечиште од кал и земја кое зафаќа една лента од коловозот. Се препорачува внимателно возење, прилагодување на брзината и следење на поставената сигнализација.

Би можело да ве интересира

По трагедијата во Кисела Вода: Уште еден работник примен во болница, вкупно четворица повредени

Обвинителство: Увид на градилиштето во Кисела Вода, следи обдукција

Горан Наумовски

Компанија на Ивица Коневски ја гради зградата каде што се случи трагедијата

Горан Наумовски

На Ургентен центар транспортирани тројца градежни работници, двајца со полесни повреди, еден со скршеници

Горан Наумовски

Еден работник загина, тројца се повредени во несреќа на градилиште во Скопје

Горан Наумовски

Нови детали за несреќата во Кисела Вода: Медицинска екипа побара асистенција за затрупаните работници

Горан Наумовски