Нормализиран сообраќајот на патот Демир Капија – Корешница

Од:

Сообраќајот на патниот правец Демир Капија кон село Корешница е нормализиран, соопшти утринава Авто мото сојузот на Македонија.

На мостот на патот Радовиш – Штип штетата е санирана и сообраќајот се одвива наизменично, по една коловозна лента, а забраната за движење, поради свлечиште, на патот Киселица – Злетово во општина Пробиштип сеуште останува.

Сообраќајот е во прекин на регионалениот пат на м.р.„Глобица” во непосредна близина на селото Ратавци – Пробиштип, како и на патните правци кон селата Степанци и Суво Грло поради надојдените води на реката Крива Лакавица.

На патниот правец кај клучката Марвинци – Гевгелија сообраќајот е во прекин поради излевање на реката Вардар.

Забрана за движење на тешки товарни возила над 7,5 тони и автобуси е воведена на патниот правец Ржаничино – Д.Коњаре, поради оштетување на средниот столб на мостот на река Пчиња.
Поради магла намалена е видливоста од 50 до 100 метри кај Страцин.

На останатите патишта сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози