Нормализиран сообраќајот кај Порта Влае

Од:

На барање на граѓаните од Порта Влае, општина Карпош пред два дена повторно го нормализираше сообраќајот по сервисните улици.

Секторот за уредување на градежно земјиште и комунални работи воспостави повторна комуникација меѓу сервисната улица, паралелна со булевар „Партизански одреди“ и улицата „Есперанто“, преку постојниот паркинг простор.

– Сообраќајната комуникација е направена со поставување бекатон плочки и павер елементи на коловозот, со што се овозможи непречен дотур на стоки и материјали до дуќаните и деловните простори во Порта Влае, како и непречен пристап до паркинг местата, информира општина Карпош.

Продолжува изградбата на новиот плоштад во Влае.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Две лица од Турција осомничени за обид за убиство во Скопје, се трага по третиот осомничен

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски