Нормализиран собраќајот на регионалниот пат Делчево – М. Каменица

Од:

По расчистувањето на одроните кај месноста Баткова Чешма, нормализиран е сообраќајот на регионалниот пат Делчево – Македонска Каменица.

Од ЈП „Македонија Пат“ ја потврдија потврдија дека сообраќајот се одвива непречено и во двете коловозни ленти и апелираа возачите и понатаму да внимаваат при движењето на овој патен правец.

– Наши екипи веднаш по дојавата се упатија на терен и ги расчистија одроните. Обврска на возачите е да ја почитуваат сообраѓајната сигнализација, да внимаваат на останати одрони кои поради дождот може да се забележат на коловозот и да возат со намалена брзина, истакнаа од ЈП „Македонија Пат“.

Освен со одроните дождот денеска предизвика проблеми и за жителите на населбата Стар Монопол во Делчево. Во близина на оваа делчевска населба, пропадна дел од новоизградениот мал мост кој неодамна беше реконструиран. Делчевскиот градоначалник Горан Трајковски и надлежни лица од локалната самоуправа извршиле увид на местото на настанот и притоа побарале од изведувачот да пристапи кон санација на оштетениот мост.

– Денес и ние овде во локалната сакоуправа сме известени дека има оштетување на патот кон Таушанско Маало односно на дел од мостот. Заедно со лица од урбанизам бев и јас лично за да видиме колкаво е оштетувањето. Веднаш е пристапено кон поставување на сообраќајни знаци и надзорот има стапено во контакт со изведувачот, за да биде во најкраток рок санирано. Од изведувачот сум известен дека во текот на утрешниот ден тоа оштетување санирано, имаат и денес направено зафати за да нема проблем во сообраќајот. Се уште тој пат не е предаден во владение на локалната самоуправа, така што изведувачот ќе си ги презеде сите мерки за настанатите оштетувања, рече Трајковски.
На овој патен правец во 2021 година како што додаде градоначалникот останува да се доизградат тротоарите и потоа да се направат сите неопходни технички подготвки за негово конечно пуштање во употреба.

Би можело да ве интересира

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

Орце Костов

Маж од Делчево споделил лични фотографии на неговата поранешна вонбрачна партнерка

Жена од Делчево била следена ѝ добивала пораки со заканувачка содржина

Гужви за влез во Бугарија: Се чека по два часа, се пропуштаат само по неколку возила

А1он

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

Меџити: Следната недела ќе се расчисти случајот со починатата родилка од Делчево

А1он