Ногачески: Дебрца заслужува подобро

Од:

Во Домот за културата во селото Мешеишта вечерва беа промовирани кандидатот за градоначалник на Општина Дебрца на коалицијата „За Живот во Макаедонија” предводена од СДСМ Зоран Ногачески и кандидатите од листата за состав на новиот совет на општината.

– Ја познавам душата на селото. Ги познавам секојдневните маки и проблеми на граѓаните, бидејќи тоа се и мои маки и проблеми…Дебрца наш дом, ама не ваков каков што е денес. Каква е таа Дебрца во која младите заминуваат, а селата се празнат, со села кои во 21 век немаат здрава и чиста вода за пиење, села со септички јами, со калливи улици, неисчистени патишта…граѓани и семејства кои живеат под прагот на сиромаштија или се наоѓаат во положба на социјален ризик, земјоделци кои мака мачат како да го продадат она што го произвеле, нефункционални месни заедници, маргинална улога на младите и руралната жена, затворена, заробена, задолжена општина. Каква е таа Дебрца без Слатинското Езеро. Дебрца заслужува подобро, истакна Ногачески во обраќањето пред присутните на промоцијата.

Како приоритетите во неговиот градоначалнички мандат тој ги посочи инфраструктурата, забрана на изградба на регионална депонија во Дебрца, локален економски развој, повеќе пари кај граѓаните, можности за сите…

– Општина на социјална сигурност – повеќе пари за социјални трансфери. Квалитетно образование за сите. Квалитетни и оддржливи комунални услуги. Младите во фокусот на локалните политики. Транспарентна, отчетна, услужна, правична, отворена – општина за сите граѓани, рече тој.

Пред жителите на Мешеишта обраќање имаше и Оливер Спасовски, кој рече дека на овие избори народот решава дали Македонија продолжува да се развива и реформира во просперитетна и среќна земја со многу пријатели или повторно ќе биде сиромашна, изолирана и поделена.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

Утре втор круг од изборите за градоначалник во Брвеница, денеска гласаат болните

А1он

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?