Низок квалитет на водата на северното крајбрежје на Охридското Езеро

Од:

Спроведените вонредни контроли на водата покажаа низок квалитет на водата во Охридското Езеро на северниот дел на крајбрежјето, односно загадување на локациите што секогаш се сметаат како критични. Станува збор за утврден низок степен на квалитет на површинските води кај плажата „Грашница“ во Охрид и кај пумпната станица на Колекторскиот систем за заштита на езерото кај селото Подмоље.

Како што беше истакнато на денешната прес-конференција во Центарот за јавно здравје од Охрид, земените материјали на тие две локации покажале дека водата е од четврта односно петта категорија.

– Кај Грашница и Подмоље во земените мостри се пронајдени поголеми количества на амонијак и нитрити. Уште на самиот увид на лице место е констатирано излевање отпадни, фекални води од колекторскиот систем во езерото, и од тие причини ниското ниво на квалитет на водата, рече Сашо Точков, кој изрази очекување дека со стабилизирање на хидролошката ситуација во регионот односно со намалувањето на количеството отпадни води ќе се подобри и квалитетот на водата во езерото.

Центарот за јавно здравје од Охрид овие активности ги спроведува во кординација до МЈП „Проаква“, од каде е укажано на проблемите во Колекторскиот систем за заштита на езерото.
Мострите земени од источниот дел на крајбрежјето односно кај хотелот „Метропол“ од каде се црпи вода за потребите на Градскиот водовод во Охрид, како и од кај кејот на езерото во самиот град покажале висок квалитет на водата од прва и втора категорија.

Точков додаде дека кога станува збор за квалитетот на водата за пиење од охридската, струшката и дебарската водоводна мрежа, изминатите месеци забележана е поголема матност на водата, особено кај селските водоводи што било причина за интензивни контроли на нејзиниот квалитет.

– Матноста може да последица на зголеменото количество на вода. Сите други индикатори, како микробиолошки така и хемиски, поакажуваат дека водата е здравствено безбедна и квалитетна за пиење, појасни Точков.

Во услови на неповолни хидролошки состојби со зголемено ниво на водотоците од сливот, како и на самото ниво на Охридското Езеро, доаѓа до мешање на фекалните односно канализациските со атмосферските води. Истовремено доаѓа до потопување на дел од преливните шахти на цевководите од Колекторот, кој нема капацитет да ја прими сета таа вода, која завршува во Охридското Езеро и го загадува.

И во минатото од „Проаква“ укажуваа на потребата од поголема контрола на нивото на езерото токму од причина да не дојде до потопување на преливните шахти, што доведува до енормно оптоварување на системот и предизвикување дефекти, како и до излевање на фекалната вода во езерото и негово загадување.

Би можело да ве интересира

Измамник од охриѓанка зел скоро 5.000 евра

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена