Низ „европскиот коридор бегалците од воените региони транзитираат непречено“

Од:

Во склоп на преземените техничко-тактички мерки на јужната државна граница за насочување на лицата кон контролните пунктови заради регистрација и хуман третман, како и досега редовно се пропуштаат лицата што доаѓаат од регионите зафатени со воени дејствија (Ирак, Сирија, Авганистан).

Од Владата информираат дека на граничниот премин Табановце за изминатите 24 часа  (од четврток до петок на полноќ) со воз пристигнале и заминале вкупно 3.065 лица. За периодот од 0:00 до 8:00 часот утрово (сабота) пристигнаале 1.022 лица и сите заминаале со воз.

Во ПТЦ Гевгелија моментално има 900 лица од кои најголем дел се подготвуваат за транспорт со воз, а останатите ќе се транспортираат со автобуси. Следниот воз е во 13:00 часот.

Би можело да ве интересира

Орбан: Веќе една деценија ги штитиме Унгарија и Европа од нелегална миграција

Горан Наумовски

ВИДЕО: Трамп ја започна операцијата „Мидвеј Блиц“

МВР: Има намалување во бројот на илегални транзитирања на мигранти низ Македонија

Грција ќе ги суспендира барањата за азил од луѓе што доаѓаат од Северна Африка за три месеци

Трамп нареди проширување на мерките за притвор и депортација на мигрантите

Германската влада ги затвора вратите за мигрантите