Нивото на реката Вардар во Велес се повлекува

Од:

Нивото на реката Вардар во Велес денеска се повлекува и нема опасност од повторно излевање. Како што информираат од Регионалниот Центар за справување со кризи, отстранети се гранките околу носечките столбови на велешките мостови.

– Синоќа околу 20 часот беше исчистен мостот на реката Вардар кај Башино село, кој е на еден од влезовите во Велес и повторно е пуштен во сообраќај, информира Влатко Добревски, дежурен во Регионалниот центар за справување со кризи.

Поради поплавите во велешката населбата Речани, лоцирана кај во бавчите во непосредна близина на градот, а покрај реката Вардар, вчера со излевањето на реката беа поплавени десетина куќи во населбата. Веднаш потоа осум лица беа евакуирани од нивните домови во соработка на Кризниот штаб и екипи на општина Велес.

– Поради поплавите од вчера нема електрична струја во велешките населби Шорка и Речани. На отстранување на дефектот работат екипи на ЕВН Велес и попладнево се очекува нивните домови да бидат вклучени повторно во електромрежата, потенцира Добревски.

Би можело да ве интересира

Син нападна мајка во Велес

А1он

(ВИДЕО) Силно невреме ја погоди Италија – загинаа две жени

А1он

Од сабота „Безбеден град“ ќе се применува и во Велес

A1on

(ВИДЕО) Двајца работници извлечени живи од тунел во Непал, девет дена по поплавите

А1он

(ВИДЕО) Бројот на жртви од поплавите во Непал се искачи на 332

Вонредна состојба во југозападна Бугарија: Поројни дождови ги поплавија населбите