Дојранското Езеро и денеска бележи драстично зголемување на нивото, од – 82 сантиметри колку што е просекот за октомври, на 174, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Хидролошките мерења покажуваат дека нивото на Охридско Езеро е девет пати пониско, а на Преспанското е малку над просекот.
Како што соопшти УХМР, двојно пониски се водостоите на Вардар кај Јегуновце и Скопје – Зајчев рид, Пчиња кај Катлановска Бања, тројно понизок е на реката Сатеска кај Ботун, додека пет пати понизок е водостојот на Црни Дрим кај Ложани.
Само 12 санитметри над просекот е Вардар кај Демир Капија.