„Нив крокодилот од Зоолошка им избега, па Грујо нема да избегал“ – најинтересни твитови од потрагата по Груевски

Од:

„Шо сакам да ви е киднат Грујо и никогаш да не го најдете…Пак галете го, мазнете го со покани, свирачи, со златни кочии чекајте го…“, „Нив Крокодилот од Зоолошка им избега па Мајмун ко Грујо нема да избегал…“, „МВР го бара Грујо во Македонија. Ако избегал надвор од државава, дали ќе го бара “МврТурс?“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи за вечершната акција за пронаоѓање на експремиерот Никола Груевски.

Денеска беше распишана потерница за Никола Груевски, откако тој доброволно не се пријави за отслужување на затворската казна за случајот „Тенк“.

Граѓаните на социјалните мрежи вечерва на креативен начин се зезаа со неможноста на полицијата да го лоцира експремиерот.

„А ова што го бараа Грујо, проверил некој во Македонски Брод? Мислам, никој никогаш никого не бара во Македонски Брод, идеално е да се скриеш.“

„Ќе го лепите ли ликот на Грујо по бандери дека се бара?“

„Сега си одмара на некоја плажа во Белизе, си пие коктел и чита глупи твитови“

„Сакаш да кажеш дека иако ги плаќаме ние, тие телохранители имаат обврска да го обезбедуваат #Ж дури и во случај да бега/се крие без обврска да ја известат МВР?“

„Објавете дека е со швалерката и Боркица одма ќе го најде“

Би можело да ве интересира

Груевски со нова објава: Обвинувања за дволичност и финансиски интереси кон Заев и Филипче

Горан Наумовски

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

Маск бара отфрлање на тужбата против него за уделот во Твитер

Вреди: Функционери на ДУИ се обидоа по секоја цена да го вратат Никола Груевски на власт и да го ослободат Сашо Мијалков

Мицкоски: Дел од функционерите на поранешната владина коалиција во Будимпешта се среќавале со Груевски