Ниту по два месеци нема одговор од ССМ за приговорот за исклучувањето на МЕСО

Од:

Меѓуетничкиот синдикат за образование (МЕСО) информира дека по цели два месеци од 5 октомври, кога овој гранков синдикат до ССМ уредно, во статутарно предвидениот рок, поднел приговор на одлуката за исклучување на МЕСО од составот на Сојузот на синдикати (ССМ).

– Овој Приговор на МЕСО, поради самоволието на Претседателот на ССМ, Живко Митревски, и по два месеци не е ставен на дневен ред ниту на Претседателството ниту на Советот на ССМ, велат од МЕСО.

“МЕСО сака да му порача на Претседателот на ССМ, Живко Митревски, дека нема така лесно да му успее да се извлече од кашата која самиот си ја подготви! Одолговлекувањето со ставањето на дневен ред на Приговорот на МЕСО само го одолговлекува моментот кога тој ќе мора да понесе одговорност за своето нестатутарно исклучување на МЕСО од ССМ, за нестатутарното исфрлање на МЕСО од зградата на ССМ и за нарушувањето на угледот на ССМ и на синдикалното движење во Македонија во целина. Веќе е поведена судска постапка за поништување на одлуката за исклучување на МЕСО од ССМ, а од надлежните органи е побарано да ја испитаат и кривичната одговорност на Претседателот на ССМ, Живко Митревски, по основ на неговата злоупотреба на функцијата.

МЕСО нема да се откаже од борбата против своеволието на Претседателот на ССМ, Живко Митревски. Нема да се откаже и од борбата за одбрана на правата на вработените во образованието. Ничии бирократски игри и дубари нема да нè оневозможат во тоа!

Воедно, ја користиме оваа прилика да ги повикаме сите вработени во образованието, кои се разочарани од штитењето фотелји наместо права од работен однос од страна на раководството на СОНК, да не се пасивизираат од синдикалната борба и да ни се приклучат во МЕСО. Заедно да направиме силен синдикат кој ќе може да ги унапреди правата на вработените во образованието.“, стои во соопштението на МЕСО.

Би можело да ве интересира

АХВ донесе забрана за увоз и употреба на желудник од живина во производството на подготовки од месо

Горан Наумовски

Царинска управа: Спречен шверц на два тона месо штетно за здравјето на граѓаните

Спречен шверц на месо опасно за здравјето – Камион на грчка фирма носел четири тони месо од дивеч во Македонија

Затворски казни за обвинетите од предметот со коњско месо во Франција

Бараат увоз на смрзнато свинско месо без царина за да се намали цената на домашните месни производи за 10 – 15 %

Маја Илиевска-Пачемска

Јагнешкото ретко и скапо пред Велигден, традиционално поскапеа и пазарите

Жарко Настоски