СДСМ: Владеењето на ВМРО-ДПМНЕ е најмрачниот период за новинарството во Македонија

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ, партијата за чие што владеење се апсеа и затвораа новинари, намерно се уништуваа медиуми, а Македонија беше меѓу последните држави во Европа по медиумски слободи, денес како опозиција, лицемерно обвинува за наводна цензура и притисок врз медиумите.

Времето на владеење на ВМРО-ДПМНЕ беше време на притисоци, заплашувања, апсења и затворањa на новинари и медиуми и е најмрачниот период за новинарството во Македонија.

Обидот за саботажа од страна на поединци во Владата, е само очаен обид на ВМРО-ДПМНЕ по кој знае кој пат да прикаже наводна грижа за граѓаните, додека за време на 11 годишното владеење правеше притисоци, уцени и закани кон новинарите, а преку своите медиуми создаваше атмосфера на линч кон критичките новинари и медиуми.

Ниту една саботажа на структури од ВМРО-ДПМНЕ, ниту една конструкција, ниту една лицемерна загриженост за медиумите, не може да го сокрие фактот дека ВМРО-ДПМНЕ 11 години вршеше пропаганда и хајка против неистомислениците, грубо погазувајќи ги демократските принципи. СДСМ и новата Влада не отстапуваат од декларираниот принцип на отчетност, отвореност, одговорност и транспарентност, како врвни демократски вредности, што за ВМРО-ДПМНЕ остануваат непозната категорија“, се вели во реакција на СДСМ на изјавата на Коче Гаврилов од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните